Рибарова - Хауптова – Григоровичев Паримеjник

Зденка Рибарова, Зое Хауптова – Григоровичев Паримеjник – 1. Текст со критички аппарат
1. Григоровичев паримејник, од крајот на XII - почетокот на ХIII век, спаѓа меѓу најпознатите македонски средновековни текстови, одамна привлекувајќи го вниманието на палеословенистиката, пред се како најстар денес познат словенски препис на паримејник - богослужбена книга која спаѓа во основниот фонд на прирачници неопходни за литургиска употреба. Во практиката на византиската црква паримејникот се употребувал како самостојна кнйга до XIV век, а понекаде и до XVI век.
 
Согласно со резултатите од досегашните истражувања, паримејникот бил иреведен уште во Велика Моравија и преводот најчесто му се припишува на Методиј2. Постарите истражувања на паримејникот биле усредоточени пред се на прашањето за реконструкција на неговиот кирилометодиевски архетип, на еволуцијата на текстот, а во однос на јазикот на прашањето за припадноста на преводот кон кирилометодиевското книжевно наследство. Сепак, прашањето за физиономијата и реконструкцијата на првобитниот кирилометодиевски оригинал на паримејникот до денес претставува отворен проблем, и покрај импозантните резултати содржани во капиталните трудови на Михајлов, Евсеев, Ралфс, Брандт и др.3, кои и денес остануваат основен извор на нашите знаења за структурата на паримејникот, како и за неговата еволуција и меѓусебните односи на текстовите.
 
Ни постарите, ни поновите проучувања не утврдуваат постоење на посебни редакции на паримејникот. При групирањето на текстовите традиционално се издвојуваат нивни три разновидности, за кои се претпоставува индиректна поврзаност со заеднички протограф. На чело на одделни групи се поставуваат архетиповите на Григоровичевиот и Лобковскиот одн. Хлудовиот паримејник, при што архетипот на ревидираниот текст натаму се разгранува во две групи: јужнословенска, претставена со Лобковскиот паримејник и со српските ракописи, и руска, претставена со Захариевиот паримејник. Во поново време оваа стара групација е поткрепена и со укажување на текстолошки особености на секоја од групите и со поврзување на промените во текстолошкиот состав со интервенции во јазикот, предизвикани од овие потреби. Овие нови сознанија до кои доаѓа Б. Јовановиќ-Стипчевиќ4 при компаративното проучување на српските паримејници, а особено на најстариот Белградски, и со увид во голем број на грчки ракописи, овозможуваат внесување на некой доуточнувања во старого групирање на ракописите. Б. Јовановиќ-Стипчевиќ предлага донекаде модифицирана класификација која се базира врз утврдувањето на разлики во цветниот циклус, кој претставува трет од четирите циклуси кои влегуваат во општиот состав на паримејникот: I - Рождество Христово - Богојавление, П - триодски посен циклус, III - цветен циклус, IV - месецесловски циклус. Според присутноста одн. неприсутноста на редакциски промени во цветниот циклус Б. Јовановиќ-Стипчевиќ предлага поделба на паримејниците во три групи: 1. текстови со цветен циклус проширен со неподвижните празници, 2. текстови со непроширениот цветен циклус, 3. текстови со празникот Преполовение додаден кон непроширениот цветен циклус. И според оваа класификација погоре спомнатите текстови содржат три различии типови текст: во Григоровичевиот паримејник е застапен првиот тип, во Захариевиот вториот и во Лобковскиот третиот тип, меѓутоа, не претставувајќи во сите случаи најстар текст во својата трупа. Б. Јовановиќ-Стипчевиќ на чело на групата, претставена во претходните проучувања со Лобковскиот паримејник, го поставува Белградскиот паримејник, сметајќи дека овој текст подобро ја претставува постарата состојба во групата.
 

Зденка Рибарова, Зое Хауптова – Григоровичев Паримеjник – I. Текст со критички аппарат

Скопjе: Македонска Академиjа на науките и уметностите, 1998. – 477 с.
 

Зденка Рибарова, Зое Хауптова – Григоровичев Паримеjник – I. Текст со критички аппарат - Содржина

  • Содржина
  • Уводни белешки
  • Начела на изданието
  • Словенски извори и нивните кратенки
  • Грчки извори
  • Кратенки и симболи
  • Библиографија
  • Текст на Григоровичевиот паримејник со критички апарат
  • Грчки текстови кон тропарите
  • Преглед на тропарите во Григоровичевиот паримејник со паралелните места во Лобковскиот и Захариевиот
  • Преглед на псалтирните стихови во Григоровичевиот паримејник
  • Други библиски стихови во Григоровичевиот паримејник
  • Распоред и содржина на читањата во Григоровичевиот паримејник  во споредба со Лобковскиот и Захариевиот
  • Месецеслов според Лобковскиот и Захариевиот паримејник
  • Синоптички преглед на библиските читања во Григоровичевиот, Лобковскиот и Захариевиот паримејник

Зденка Рибарова – Григоровичев Паримеjник – II. Лексика. Index VerborumЗденка Рибарова – Григоровичев Паримеjник – II. Лексика. Index Verborum

Скопjе: Македонска Академиjа на науките и уметностите, 2014. – 532 с.
ISBN 978-608-203-112-5
 

Зденка Рибарова – Григоровичев Паримеjник – II. Лексика. Index Verborum – Содржина

Содржина
Предговор
I. Лексиката на Григоровичевиот паримејник
                Lexikon Grigorovičova parimejníku v světle slovní zásoby nejstarších  staroslověnských biblických památek (Emilie Bláhová)
                Лексиката на Г ригоровичевиот паримејник во споредба со најстарите библиски споменици. Заклучоци (Е. Блахова)
                Лексиката на деловите со литургиска функција
                Цитирана литература
II. ИНДЕКСИ
                Бепешки кон индексите
                Комплетен index verborum на Григоровичевиот паримејник
                Индекс на заглавни зборови
                Обратен индекс
                Грчко-старословенски индекс
                Извори и кратенки
III. ИСПРАВКИ КОН I TOM НА ГРИГОРОВИЧЕВИОТ ПАРИМЕЈНИК
 
 

Категории: 

Благодарю сайт за публикацию: 

Ваша оценка: Нет Average: 10 (1 vote)
Аватар пользователя brat Vadim